Заеднички состанок на клучни партнери во проектот Еразмус „Програма за хотелска пракса-добијте квалификација на време“ имплементиран од Џуниор Ачивмент Македонија на ден 05.11.2020 

Posted on: 09.11.2020

Џуниор Ачивмент Македонија одржа состанок на зум платформата со клучните партнери во проектот „Програма за хотелска пракса-добијте квалификација на време“ кој официјално започна во август месец и е поддржан од Еразмус плус програмата. 

На состанокот присуствуваа претставници од сите 3 средни стручни училишта: СУГС Лазар Танев, Скопје; ОУТУ Ванчо Питошески од Охрид и СОУ Наум Наумовски Борче од Крушево, и координаторите од Џуниор Ачивмент Македонија. 

Дел од заклучоците од состанокот се дека партнерите се согласуваат со промената на број на ученици одобрени со грант договорот за пракса – вкупен број на ученици од сите три училишта да биде 15; Секое училиште да извести за начинот на изведување на настава и практична работа; Да се отпочне со подготвителните активности за мобилност; ЏАМ да продолжи со комуникација со организацијата домаќин, Бугарски младински форум од Бугарија за изводливоста на праксата во април месец во новонастанатите услови со пандемијата Ковид и засилените рестриктивни мерки од комисиите за заразни болести во двете држави.