Вебинар на тема: Претприемничкото образование како двигател на економијата

Posted on: 03.11.2020

Го заклучивме првиот од 3те вебинари кои се дел од виртуелната конференција 📈 „Забрзан раст на претприемничкото образование“ која е дел од проектните активности во рамки на проектот “Поддршка на претприемничко образование во Европа и Евроазија” насловен “Претприемничкото образование како двигател на економијата„  

Огромна благодарност до сите кои вклучени на вебинарот, особена благодарност до спикерите 🗣 и секако нашите подржувачи USAID North Macedonia, Фонд за иновации и технолошки развој, Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија 

🎬Снимката од денешниот вебинар ќе биде објавена на нашиот јутуб канал.  

Следете не за дополнителни информации поврзани со вебинарите и можност да бидете дел од нив. 

Со особено задоволство ве каниме да бидете дел од првиот вебинар во рамки на онлајн конференцијата „Забрзан раст на претприемничкото образование“, насловен „Претприемничкото образование како двигател на економијата“ на 28 октомври од 11-13 часот.  

Вебинарите се дел од проектните активности во рамки на “Поддршка на претприемничко образование во Европа и Евроазија” поддржано од USAID North Macedonia, Фонд за иновации и технолошки развој, JA Europe и Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија.  

Доколку сте заинтересирани да го проследите настанот следете го линкот за повеќе информации: https://www.facebook.com/events/818865908915991/