Ги имаме финалистите на овогодинешниот Национален натпревар на ученички компании!

Posted on: 11.06.2020

Еко Грин Бин од СОУ „Ѓошо Викентиев“, Кочани, Eко Диспозел од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, Скопје, Еколенд од СОУ „Никола Карев“, Скопје, Зепро од СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија Натурал Соуп од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Куманово, Нимбус Охрид од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, Охрид, Сикерс од СОУ „Владо Тасевски“, Скопје, Солар Бег “СБФ” од СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија, Соундси од СУГС „Георги Димитров“, Скопје и Хот Хет од СУГС „Кочо Рацин“, Скопје се 10-те финалисти на Националниот натпревар на ученичкии комании.

10-те ученичките компании продолжуваат во втората фаза на натпреварот, каде ќе треба да подготват ПП презентација за својот производ или услуга, како и ги очекува онлајн интервју со жири комисијата на кое ќе имаат можност да ја претстават својата работа.

Победникот на Националниот натпревар ќе биде објавен на 23-ти Јуни 2020.

На овогодинешниот натпревар 25 ученички компании од различни 18 средни училишта од 8 градови земаа учество на Националниот натпревар на ученички компании. Победниците ќе се натпреваруваат на Европскиот натпревар на ученички компании, кој годинава се оддржува онлајн и заедно со 40-тина национални победници од Европа, ќе се борат за титулата Најдобра ученичка компанија во Европа.

Повеќе информации за Европскиот натпревар: https://www.jacompanyoftheyear.org/

Фејсбук стана на Џуниор Ачивмент Македонија: https://www.facebook.com/JuniorAchievementMacedonia

Јутуб канал на Џуниор Ачивмент Македонија: https://www.youtube.com/channel/UCXVPlbxA8MVtnSVZzCQGvkg?