Консултативна дебата во организација на Фондот за иновации и технолошки развој 

Posted on: 12.02.2020

Џуниор Ачивмент Македонија беше дел од консултативната дебата која се оддржа на 11.02.2020 год. во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој. Дебатата имаше за цел да развие дискусија по однос Правилникот за новата мерка наменета за поддршка на подготовка и присуство на ученици и млади на меѓународни манифестации од натпреварувачки карактер во област на научно-технолошката извонредност и претприемништво. Присутните гости, претставници на организации и институции од земјава имаа можност да дадат свои предлози и коментари кон унапредување на документите за доделување на ваков тип поддршка.