JAM was founded in 2017. as one of 123 Members of Junior Achievement Worldwide

Innovation camp

The JA Innovation Camp is an intense experience for the students!

Click Here

Teacher’s training

The key drivers of sustainability are quality teacher training and partnerships with education authorities and government in particular.

Click Here

Company Programme

Launched in 1919, our JA Company Programme offers students aged 15-18 the opportunity to learn how to move a business idea from concept to reality.

Click Here

Промоција на наставно помагало – Прирачник за спроведување на програмата за ученичка компанија, на албански јазик – 02 ноември 2022

Поради големиот интерес за програмата од наставниците од албански наставен јазик, ЏА Македонија организираше заедничка средба за промоција на наставно помагало Прирачник за спроведување на програмата за ученичка компанија, на албански јазик онлајн на 2 ноември 2022 год. Прирачникот е вовед во програмата за ученички компании и овозможува практично искуство на учениците со цел развивање на […]

Форум за девојки и жени во СТЕМ науките – 26 октомври 2022 год.

На 26 октомври се одржа вториот Форум за девојки и жени во СТЕМ науките, на кои присуствуваа  13 европски земји, меѓу кои и ЏА Македонија и наши учесници. Хибридниот настан имаше за цел поврзување на креаторите на политики, индустриски лидери и студенти, за унапредување на европската агенда за родова еднаквост во образованието и кариерите во […]

Регионален форум за градење партнерства за претприемничко учење – 26-28 октомври 2022 год.

Директорката на Џуниор Ачивмент Македонија, Љупка Панчевска беше дел од панел дискусијата „Важноста на претприемничкото образование“, на Регионалниот форум за градење партнерства за претприемничко учење. Форумот е организиран во рамки на проектот „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионални практики за вработување“, од 26 до 28 октомври во Скопје. За време […]

Меѓународен камп на иновации – Foodathon

Тимот Foodzilla од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани е нашиот претставник на меѓународниот камп на иновации – Foodathon. Главниот фокус на натпреварот беше  градење на претприемнички вештини на младите преку интензивна програма, во која тие ќе имаат можност да развијат и да ја презентираат својата бизнис идеја. За време на Фудатонот, повеќе од 100 ученици […]

Конференција на наставници во Врњачка Бања – 9-11 октомври 2022 год.

9 наставници од семејството на Џуниор Ачивмент Македонија од 9-11 октомври имаа можност да ги подобрат своите знаења и вештини заедно со повеќе од 150 наставници од 110 средни училишта во Србија. Учесниците можеа да разменат искуства со колегите од Србија и да слушнат  различни предавања во текот на трите дена на конференцијата која се […]

Камп на иновации – 4-5 октомври 2023, Велес

Џуниор Ачивмент Македонија на 04-05 октомври 2023, организираше Камп на иновации – натпревар во претприемнички вештини со ученици од Прилеп, Кочани, Струмица, Гевгелија и Велес. Кампот на иновации е креативен настан во кој учениците учат како да работат во тим, како да ги претворат своите идеи во акција и како да изготват конечен концепт. На […]

Студија за локален контекст за праведна транзиција во земјата, со битолскиот регион како студија на случај – Генерација за промена

Во рамки на проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“, фокусиран на праведната транзиција, заштитата на животната средина и зеленото претприемништво во С. Македонија, Србија, Црна Гора и Бугарија, е изработена Студија за локален контекст за праведна транзиција во земјата, со битолскиот регион како студија на случај – Генерација за промена, како прва од овој […]

Обука за спроведување на програмата за ученичка компанија – 14-16 септември 2023, Дојран

Во периодот од 14 до 16 септември, во Дојран, се одржа Основна обука за спроведување Програмата за ученичка компанија на која присуствуваа 22 наставници од 14 средни училишта. Тродневната обука беше полна со информации и содржини кои придонесуваат за подобра подготовка на наставниците за разбирање на концептот на претприемничко образование и како истиот може да […]

Обука за наставници – 15-16 септември 2023, Дојран

Наставници вклучени во програмата за ученичка компанија на Џуниор Ачивмент Македонија, учествуваа на обуката за Раководење на проектен циклус од 15 до 16 септември, во Дојран. Преку вовед во основите на управување со проекти, наставниците се стекнаа со знаења и вештини за раководење со проекти, фазите на проектен циклус, финансиско планирање, спроведување на проектни активности, […]

Покана  за учество на јавен повик 2/ПОМ/2022/ЏА за ангажман на локални соработници за мапирање на младински организации/иницијативи, селекција и мобилизација на целната група

Џуниор Ачивмент Македонија и Рурална Коалиција ги покануваат сите заинтересирани физички лица да учествуваат во тендерска постапка за набавка на: услуга за вмрежување, мапирање на младински организации/иницијативи, мобилизација на целната група за спроведување на проектните активности. Избраните соработници ќе служат како директен канал на комуникација со целната група во руралните општини во еден од целните […]