Category: Events and News

Покана за учество на јавен повик 3/ПОМ/2022/ЏА за изработка на прилагодена програма за еднодневна обука наменета за младите од руралните средини во областа на претприемништво, (само)вработување, развој на план за (социјален) бизнис и нејзино спроведување 

Џуниор Ачивмент Македонија ги поканува сите заинтересирани физички лица да учествуваат во отворениот повик за изработка на прилагодена програма за еднодневна обука наменета за младите од руралните средини во областа на претприемништво, (само)вработување, развој на план за (социјален) бизнис и нејзино спроведување. Предложената обука е согласно заклучоците од спроведеното теренско истражување направено во рамки на […]

5 години постоење на Џуниор Ачивмент Македонија!

Во месецот посветен на претприемништво Џуниор прослави 5 години од своето постоење! 5 години тимска работа, дружба и учење, успешно спроведени проекти, завршени активности, поддржани повеќе од 3000 млади луѓе.  Благодариме на сите партнери, ученици, наставници, сите актери во општеството, пријатели и соработници на големото семејство на Џуниор Ачивмент кои беа дел од прославата на […]

Камп на иновации 14-15 ноември 2022 год.

Џуниор Ачивмент Македонија на 14-15 ноември 2022, организираше Камп на иновации – натпревар во претприемнички вештини на кој ученици од 8 средни училишта имаa задача да креираат иновативен бизнис план и да одговорат на дадената задача. Кампот на иновации  претставува  дводневен настан во кој учениците работат во тимови за да најдат решение на поставениот бизнис […]

Меморандум за разбирање со Регионален Центар на Скопски плански регион

Џуниор Ачивмент Македонија и Бизнис центарот при Центар за развој на Скопски плански регион  отпочназаедничка соработка, која на 10.11.2022 год. беше официјализирана со потпишувањето на Меморандум за разбирање. Со потпишување на овој меморандум се отвараат можности за заеднички иницијативи и соработка која ќе се однесува на подобрување на претприемачката средина и учество во заеднички активности […]

Промоција на наставно помагало – Прирачник за спроведување на програмата за ученичка компанија, на албански јазик – 02 ноември 2022

Поради големиот интерес за програмата од наставниците од албански наставен јазик, ЏА Македонија организираше заедничка средба за промоција на наставно помагало Прирачник за спроведување на програмата за ученичка компанија, на албански јазик онлајн на 2 ноември 2022 год. Прирачникот е вовед во програмата за ученички компании и овозможува практично искуство на учениците со цел развивање на […]

Форум за девојки и жени во СТЕМ науките – 26 октомври 2022 год.

На 26 октомври се одржа вториот Форум за девојки и жени во СТЕМ науките, на кои присуствуваа  13 европски земји, меѓу кои и ЏА Македонија и наши учесници. Хибридниот настан имаше за цел поврзување на креаторите на политики, индустриски лидери и студенти, за унапредување на европската агенда за родова еднаквост во образованието и кариерите во […]

Регионален форум за градење партнерства за претприемничко учење – 26-28 октомври 2022 год.

Директорката на Џуниор Ачивмент Македонија, Љупка Панчевска беше дел од панел дискусијата „Важноста на претприемничкото образование“, на Регионалниот форум за градење партнерства за претприемничко учење. Форумот е организиран во рамки на проектот „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионални практики за вработување“, од 26 до 28 октомври во Скопје. За време […]

Меѓународен камп на иновации – Foodathon

Тимот Foodzilla од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани е нашиот претставник на меѓународниот камп на иновации – Foodathon. Главниот фокус на натпреварот беше  градење на претприемнички вештини на младите преку интензивна програма, во која тие ќе имаат можност да развијат и да ја презентираат својата бизнис идеја. За време на Фудатонот, повеќе од 100 ученици […]

Конференција на наставници во Врњачка Бања – 9-11 октомври 2022 год.

9 наставници од семејството на Џуниор Ачивмент Македонија од 9-11 октомври имаа можност да ги подобрат своите знаења и вештини заедно со повеќе од 150 наставници од 110 средни училишта во Србија. Учесниците можеа да разменат искуства со колегите од Србија и да слушнат  различни предавања во текот на трите дена на конференцијата која се […]

Студија за локален контекст за праведна транзиција во земјата, со битолскиот регион како студија на случај – Генерација за промена

Во рамки на проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“, фокусиран на праведната транзиција, заштитата на животната средина и зеленото претприемништво во С. Македонија, Србија, Црна Гора и Бугарија, е изработена Студија за локален контекст за праведна транзиција во земјата, со битолскиот регион како студија на случај – Генерација за промена, како прва од овој […]