“InnoVax” – наши претставници на GEN-E 2023 – 11-14 јули, Истанбул, Турција
Posted on: 20.07.2023
Победниците на Националниот натпревар на УК „InnoVax” од СЕПТУ Михајло Пупин од Скопје, ја претставија својата бизнис идеја пред широката публика за време на Gen-E, најголемиот настан во Европа за прослава на претприемништвото и достигнувањата на европската младина, кој годинава се оддржа во Истанбул, Турција од 11-14 јули.
Натпреварот собра над 800 млади претприемачи, нивните наставници, деловни партнери и креатори на политики од цела Европа. Натпреварувачките тимови беа избрани од над 390.000 студенти кои изминатата година работеа на програмите за претприемништво на Џуниор Ачивмент низ цела Европа.
Учесниците низ неколку фази (интервју со жири комисија, сценска презентација и изложба на штанд) се натпреваруваа за 2 главни награди (компанија на годината и иновација на годината) и останати награди од подржувачите на натпреварот – Avanade, Arconic Foundation, AT&T, BNY Mellon, Citi Foundation, Delta Air Lines, Euroclear, EY, Goodyear и ManpowerGroup.
Пред натпреварот во Истанбул, илјадници млади вклучени во програмите на Џуниор Ачивмент ги покажаа своите бизниси на Виртуелните штандови и се натпреваруваа за онлајн награди поддржани од EIT Manufacturing, EIT Food, Europen, Intel, Johnson&Johnson, NN Group и PMIEF.
Победниците на Gen-E 2023 се:
- Isometricks (Грција), наградена со ЈА Европа компанија на годината
- Mindcore (Остров Ман), наградена со JA Europe за иновација на годината
- Тиаки (Велика Британија), награден со ЈА Европа за иновација на годината за универзитетско ниво
- Toteuma (Финска), доделена на JA Europe Старт ап на годината за универзитетско ниво
Повеќе информации за победниците може да најдете на: www.gen-e.eu.