СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани – наградени со TES Award за време на Gen-E 2023, Истанбул Турција
Posted on: 19.07.2023
Победниците на наградите за претприемничко училиште за 2023 година, меѓу кои и најпретприемничкото училиште во програмите на ЏА Македонија за 2022 година, СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани се собраа во Истанбул за време на Gen-E 2023!
Наградата е годишно признание за извонредните основни и средни училишта кои се залагаат за претприемничко образование во рамки на програмите на Џуниор Ачивмент. Наградата ги идентификува училиштата кои се истакнуваат во различни критериуми, како што се активно вклучување на наставниците и учениците, посветени ресурси, ангажман во заедницата, професионален развој и интеграција на европска димензија. Овие училишта го негуваат духот на претприемништвото, охрабрувајќи ги младите да размислуваат иновативно и да го остварат нивниот потенцијал како идни лидери и носители на промени.
Претставник од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани беше присутен за време на гала вечерата и прогласувањето на победниците на Gen-e 2023, во Истанбул на 13ти јули.