Вмрежување на младите – Панда лабс џуниор за праведна транзиција
Posted on: 02.07.2023
Во рамки на Панда лабс џуниор за праведна транзиција, Џуниор Ачивмент Македонија организираше средба за вмрежување меѓу ученици од средните училишта од Битола и невладини организации од нивниот град. Претставници на организациите Сфера Интернационал и Ротари клубот Широк сокак, на учениците им ги претставија своите активности и бројните можности кои се отворени за младите од овој регион.

