Со модели на успешни претприемачи кон премостување на образовниот јаз во претприемништвото
Posted on: 22.06.2023
[Прага, 21 јуни 2023 година] – Проектот Вишеградски претприемачки ѕвезди, финансиран од Фондот на Вишеград, со гордост ја објавува Работилницата за развој на деловни студии на случај за петнаесет наставници и професори од средните училишта и универзитетите. Оваа обука означува значајна пресвртница за проектот кон постигнување на посакуваните резултати за поттикнување на претприемничкото образование и зајакнување на вештините за идните претприемачи.
„Ја идентификувавме клучната улога на моделите на успешни претприемачи во претприемничкото образование и во обликувањето на претприемничките намери. Сакаме да понудиме на учениците и студентите релативни и инспиративни примери од земји од Вишеград и Северна Македонија. Нашата мисија е да го премостиме образовниот јаз во бизнисот и претприемништвото преку развивање на студии на случај за употреба во училница“. – вели г-ѓа Љупка Панчевска, директор на Џуниор Ачивмент Македонија, главен партнер во проектот. ”
Обуката ја организира Џуниор Ачивмент Чешка, во Прага, Чешка од 19-ти до 23-ти јуни 2023 година. Работилницата беше одржана под водство на Македонка Димитрова, претседател на Институтот за одржливост ЕКОС Скопје и искусен предавач по претприемништво, како и проф. д-р Ана Томовска Мисоска, истакнат истражувач во областа на претприемничките намери од придружниот партнер во проектот, Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
Работилницата за развој на деловни студии на случај претставува прв чекор во унифицирањето на пристапот за избор на теми за случаи и развој на студии за 15 претприемачи од Источна Европа и од Балканот. Учесниците ќе се стекнат вредни знаења за тоа како да развијат студии на случај и придружни наставни белешки. Со елиминирање на моменталниот недостаток од студии на случај во оваа област, проектните партнери имаат за цел да ги поттикнат предавачите да создадат привлечна средина за учење за нивните студенти. Овие развивачи на деловни случаи ќе одиграат инструментална улога во придонесот кон севкупната цел на проектот.
„За време на работилницата имавме интервју со г-ѓа Сара Кочан, македонска успешна претприемачка која веќе 10 години раководи со инклузивното танчерско студио Денсерс Јунајтед од Скопје. Нејзиното учество ни помогна да го симулираме просецот на развој на студија на случај.“- вели Македонка Димитрова, која уверува дека показниот пристап е најефикасен во ваков тип на наставни програми.
Традиционалните наставни материјали од областа на претприемништвото често се потпираат на теоретски концепти и претежно прикажуваат претприемачи од американски и западноевропски пазари. Овој пристап може да причини незаинтересираност на младите студенти од проектни земји, што ќе доведе недостиг на мотивација да се занимаваат со претприемништво. Работилницата за развој на деловни случаи има за цел да го реши ова прашање преку развивање студии на случај во кои се претставени локални претприемачи како модели.
Во проектот партнеруваат Џуниор Ачивмент организации од Република Северна Македонија, Чешка, Полска, Словачка и Унгарија, заедно со Институтот за одржливост ЕКОС Скопје. Проектот Вишеградски претприемачки ѕвезди поттикнува соработка и размена на знаење за да се обезбеди одржливост на влијанието на проектот дури и по неговото завршување.
Повеќе за проектот на http://jamacedonia.mk/web/visegrad-entrepreneurial-stars/.