Меморандум за соработка со Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија-04.04.2023 г.
Posted on: 05.04.2023
На 04 април 2023, нашата директорка Љупка Панчевска и директорот на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија (АППРСМ) Хајрула Мисини потпишаа меморандум за соработка во програмите на претприемничко образование на Џуниор Ачивмент Македонија.
Соработката со Агенцијата ќе се реализира преку нивната програма за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија и ќе го поддржи националниот натпревар на средношколци кој ќе се одржи во мај годинава , со учество на поголем број средни училишта од различни градови од нашата земја.