Регионална конфренција „Партнерство за подобро образование во Европа и Евроазија“ – 28-29 март 2023

Posted on: 01.04.2023

Со цeл промоција на работењето, мисијата и целите на нашата организација Џуниор Ачивмент Македонија во период 28-30 март се одржа  конференција под наслов „Партнерство за подобро образование во Европа и Евроазија“, која се оддржа на Универзитетот за информатички науки и технологии – Свети Апостол Павле во Охрид.

Регионална конференција спои претставници од Џуниор Ачивмент организации од Албанија, Бугарија, Грузија, Молдавија, Романија, Србија и ЏА Европа со цел понатамошно зајакнување на нашата регионална соработка во областа на претприемничко образование.

Преку панел дискусии претставници од регионалните канцеларии на Џуниор Ачивмент и УСАИД, заедно со претставници од образовни институции, невладини организации и наставен кадар дискутираа за важноста на претприемничкото образование за успех во глобалната економија, за зајакнување вештините и компетенциите на младите како и важноста од промени, модернизација и следењето на најновите трендови во образованието.

Се истакнаа програмите за претприемничко образование на Џуниор Ачивмент, преку кои младите добиваат единствена можност за развивање на своите компетенции, подобрување на критичкото размислување, превземање иницијатива, решавање проблеми и можност да учат од грешките на безбеден начин, без последици. Со градење и развивање на овие компетенции, младите излегуваат спремни да се втурнат во идниот пазар на труд кој постојано се менува. Дополнително, наставниците ја потенцираа важноста на претприемничкото образование како подготовка на учениците за соочување со престојните предизвици.

Ова се дел од заклучоците од панел дискусите за време на регионалната конференција „Партнерство за подобро образование во Европа и Евроазија“ која се одржа на Универзитетот “Св. Апостол Павле” (Универзитетот за информатички науки и технологии – Свети Апостол Павле) изминативе два дена.

Посебен фокус на конференцијата беше  посетата на Гимназиjата „Свети Климент Охридски“, каде ученици вклучени во нашите програми ги презентираа своите бизнис идеи пред учесниците на конференцијата и имаа можност да се презентираат себеси, градот и стекнатите претприемнички вештини.