Џуниор Ачивмент Македонија како дел од Лидерскиот самит – 16-18ти март 2023, Малта
Posted on: 20.03.2023
Лидерскиот самит кој се одржа од 16 – 18ти март во Малта, опфати преку 120 претставниви од мрежата на ЏA Европа, извршни директори, вработени и партнери во мрежата. Во текот на трите дена, нашиот извршен директор имаше можност да учествува на сесии, работилници, дискусии и идно стратешко планирање. Се споделија искуства и идеи за заеднички прашања на ЏА и внес на нови содржини и идеи во работењето. Нашиот извршен директор доби 5-годишна награда, а нашата организација ЏA ја доби наградата Model Nation за 2022 година признание кое го доделува нашата европска мрежа. На последниот ден од Самитот, имавме голема чест Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, која исто така е ЈА Алумна, да ги посети ученичките компании на изложбените штандови во организација на ЏА Малта.