Лидерскиот самит кој се одржа од 16 – 18ти март во Малта, опфати преку 120 претставниви од мрежата на ЏA Европа, извршни директори, вработени и партнери во мрежата. Во текот на трите дена, нашиот извршен директор имаше можност да учествува на сесии, работилници, дискусии и идно стратешко планирање. Се споделија искуства и идеи за заеднички […]
Month: March 2023
Натпревар во рамки на едукативната програма на „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“- 09-10 март 2023
Џуниор Ачивмент Македонија на 09-10 март 2023, организираше натпревар во рамки на едукативната програма на „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“. Група студенти работеа на креирање иновативни зелени бизнис идеи за заштита на животната средина, кои ги презентираа пред жири комисија. Заеднички го поддржуваме одржливиот развој и циркуларната економија, кон праведна транзиција на земјата!
Обука за наставници – 01-03 март 2023, Охрид
Продолжуваме со активно градење на капацитетите на наставниците за работа во ученичките компании и соработка со училиштата. Од 01-03 март, 26 наставници од 15 средни училишта и 10 градови низ земјава учествуваа на обуката за спроведување на програмата Ученичка компанија. На учесниците им беа дадени насоки како да го подготват компанискиот извештај за Националниот натпревар […]
Соработка со Универзитет за информатички науки и технологии – Свети Апостол Павле
Џуниор Ачивмент Македонија и Универзитетот за информатички науки и технологии – Свети Апостол Павле потпишаа меморандум за соработка преку кој се отвора можност за реализација на надтани на Факултетот во Охрид, како идополнителни активности за промоција на претприемништвото, градење заеднички проекти и акцелерација на идните претприемачи.
Активности во рамки на едукативната програма за студенти во проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција”
Продолжуваат активностите во рамки на програмата за студенти во проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“, каде што разговаравме на различни теми за одржлив развој, климатските промени, циркуларна економија како и зелените бизниси.