Јa продолжуваме соработката со Фонд за иновации и технолошки развој

Posted on: 23.02.2023

Продолжува соработка со Фондот за иновации и технолошки развој за поддршка на програмата за претприемничко образование во сите средни училишта низ државата, како и финансиската поддршка на програмата.

Договорот го потпишаа Љупка Панчевска, извршен директор на Џуниор Ачивмент Македонија и ДФИТР Фестим Халили. Со потпишувањето на овој договор, младите ќе имаат можност да стекнат повеќе знаења за претприемништвото, но и да станат идни претприемачи.