Конкурс: Етичка Дилема во Бизнис Учебна година 2022-2023

Posted on: 22.02.2023

Џуниор Ачивмент Македонија го промовира претприемничкото образование во училиштата, финансиската писменост и подготвеноста на средношколците за идни работни места, а воедно се залага за промовирање на општествена одговорност и етичко однесување. Денес етикатa е важен дел од секоја компанија. Со цел да ги потикнеме младите да развиваат вештини морални принципи и вредности кон почитување на тоа што е правилно или погрешно, во водењето и во одлучувањето на една организациската култура, распишуваме КОНКУРС за најдобар есеј во одговор на поставена ЕТИЧКА ДИЛЕМА.  

Задачата е да се напише есеј од најмалку 500 зборови (не помалку од една страница А4) во кој ќе се анализира ситуацијата на поставената етичка дилема и јасно ќе се презентира критичкиот став кој го зазема ученикот, во однос на зададената дилема. Право на учество имаат сите ученици кои биле или се дел од активностите на Џуниор Ачивмент Македонија.  

Oценувањето на ученичките есеи ќе го изврши повеќечлена жири комисија според следните критериумни:  

  • разбирање на темата,  
  • релевантност на есејот во одговор на темата,  
  • убедливост на аргументите,  
  • конзистентност и оригиналност.  

Учениците може да се пријават за учество преку пополнување на Формуларот за апликација. 

Есеите може да ги доставите на info@jamacedonia.mk најдоцна до 25 март 2023 година. 

Победникот на конкурсот ќе биде прогласен во рамки на Националниот натпревар на Ученички компании 2023.  

  1. ЗАДАЧА – Етичка дилема 2023
  2. Етичка Дилема- Формулар за пријавување
  3. Критериуми и упаство за пишување есеј