Обуки за млади од рурални среднини – Потпри се на младите

Posted on: 15.01.2023

Околу седумдесет млади беа дел од четири еднодневни обуки за претприемништво, (само)вработување и развој на план за (социјален) бизнис, наменети за младите од руралните средини од Полошкиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Североисточниот регион кои се оддржаа во месец декември 2022:

.

  • 21.12.2022 во Тетово, Полошкиот регион 
  • 23.12.2022 во Битола, Пелагонискиот регион 
  • 26.12.2022 во Охрид, Југозападниот регион 
  • 28.12.2022 во Куманово, Североисточниот регион  

Со своето учество младите ги зголемија своите вештини за генерирање на идеи и развој на план за реализација на бизнис и социјална иницијатива.  Дел од темите кои беа опфатени со обуките се социјални иновации, развој на идеи за социјални бизниси, развој на бизнис план, модели на финансирање и сл.  

Обуките се реализираа во рамки на проектот „Потпри се на младите“кој има за цел да го подобри животот на младите во руралните општини, преку поддршка на локални младински иницијативи низ обуки, менторирање и финансиска помош за спроведување на истите. Проектот предвидува и соработка со руралните општини за формирање и поддршка на работата на локалните младински совети.  

Проектот е финансиран од Европската унија, а е спроведуван од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во партнерство со Рурална Коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери.