Размена на искуства со Џуниор Ачивмент Албанија 12-15 декември 2022

Posted on: 16.12.2022

Од 12 до 15 декември ја посетивме нашата ментор организација Џуниор Ачивмент Албанија. Разменивме искуства и знаења на теми поврзани со ученичките компании и добри практики, кои учениците и наставниците можат да ги применат во наставата. Тимот на ЏА Македонија и ЏА Албанија, низ повеќе работни средби дискутираше и за важни организациски и стратешки прашања. Остваривме контакти и со поединци, претприемачи, старт-ап организации, училишта и алумни кои се вклучени на најразлични нивоа во организацијата. Активноста наменета за ученици во Драч, ги доближи младите кон покреативно размислување и генерирање бизнис идеи. Им благодариме на сите членови од тимот на ЏА Албанија и ЏА Албанија Алумни и се надеваме на нови можности за патувања и соработка!