Покана за учество на јавен повик 3/ПОМ/2022/ЏА за изработка на прилагодена програма за еднодневна обука наменета за младите од руралните средини во областа на претприемништво, (само)вработување, развој на план за (социјален) бизнис и нејзино спроведување 

Posted on: 17.11.2022

Џуниор Ачивмент Македонија ги поканува сите заинтересирани физички лица да учествуваат во отворениот повик за изработка на прилагодена програма за еднодневна обука наменета за младите од руралните средини во областа на претприемништво, (само)вработување, развој на план за (социјален) бизнис и нејзино спроведување. Предложената обука е согласно заклучоците од спроведеното теренско истражување направено во рамки на проектот „Потпри се на младите“ за потребите на младите од руралните средини во Пелагонискиот, Полошкиот, Југоисточниот и Северозападниот плански регион. По изготвување на програмата за обуката, понудувачот треба да спроведе 5 еднодневни обуки организирани во координација со проектниот тим.  

Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите наведени вотендерската документација, односно: 

  • Универзитетско образование или најмалку 5 (пет) години над генералното професионално искуство (поседување на стекнато повисоко универзитетско образование, магистерски или докторски студии, ќе се смета за предност);  
  • Генерално професионално искуство: 
    • Минимум три (3) години искуство во креирање на програми за обука и/или држење на обуки и работилници;, 
    • Специфично професионално искуство: 
    • Минимум три (3) спроведени обуки од област слична на наведената (предност ќе имаат понудувачите кои имаат искуство со испорака на обуки за развој на претприемнички вештини, подготовка на бизнис план); 

Изборот на најповолни понудувачи ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“. 

Индикативен период за спроведување на услугата и испорака на бараниот аутпут е декември 2022 – јануари 2023 г. 

Детален опис на потребната услуга е даден во тендерската документација и Описот на надлежности кој е составен дел на оваа покана. (Прилог 1) 

Рокот за доставување на понудите е 25.11.2022 г. 

Понудите се поднесуваат по електронски пат со назнака: „За повик бр. 03/ПОМ/2022/ЏА“ на info@jamacedonia.mk. 

Тендерската постапка се спроведува во рамки на проектот „Потприсе на младите“ кој е финансиран од Европската Унија и во партнерство го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Рурална коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери. 

ПРИЛОГ 1. 3-ПОМ-2022-ЏА Повик за обучувач

ПРИЛОГ 2. ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ

ПРИЛОГ 3. ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА

ПРИЛОГ 4. ПРЕГЛЕД НА РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ-УСЛУГИ

ПРИЛОГ 5. ОРГАНИЗАЦИЈА И МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИТЕ УСЛУГИ

ПРИЛОГ 6. ФИНАНСИСКА ПОНУДА