5 години постоење на Џуниор Ачивмент Македонија!
Posted on: 16.11.2022
Во месецот посветен на претприемништво Џуниор прослави 5 години од своето постоење!
5 години тимска работа, дружба и учење, успешно спроведени проекти, завршени активности, поддржани повеќе од 3000 млади луѓе.
Благодариме на сите партнери, ученици, наставници, сите актери во општеството, пријатели и соработници на големото семејство на Џуниор Ачивмент кои беа дел од прославата на 16ти ноември во младинскиот центар Матично, како и на помагателите (КАМ маркет, Брегал, Пивара) и нашите алумни кои помогнаа во организацијата на овој настан!
Прославата ја збогати и учеството на двајца виолинисти-средношколци од музичкото училиште “Илија Николовски Луј” од Скопје.