Month: November 2022

Обука за наставници 28-29 Ноември 2022 год.

Група наставници вклучени во програмите Џуниор Ачивмент Македонија беа дел од дополнителна обука за спроведување на програмата Ученичка компанија на 28-29 октомври 2022 год. Продолжуваме со активно градење капацитети за работа во ученичките компании и соработка со училиштата! Повеќе фотографии од обуката може да видите на следниот линк https://www.facebook.com/JuniorAchievementMacedonia/posts/pfbid035dPmjgU5bpu5jRzqStd8T9aJ7yodey293VUW11Lbm68LLJxbfNeARKFmRH7bp4wCl

Меморандум за соработка со општина Струмица – 28 ноември 2022 год.

Џуниор Ачивмент Македонија и општина Струмица отпочнаа заедничката соработка, која беше официјализирана со потпишувањето на Меморандум за соработка на 28.11.2022. Со овој меморандум се отвараат можности за заеднички иницијативи и соработки кои ќе влијаат за подобро и иновативно учење за младите во општина Струмица.

Меморандум за соработка со Факултет за земјоделски науки и храна – 23 ноември 2022 год.

Џуниор Ачивмент Македонија и Факултетот за земјоделски науки и храна потпишаа Меморандум за соработка на 23.11.2022. Започнуваме нови соработки со која ќе им овозможиме на учениците стекнување на нови вештини и способности, повеќе можности за нивно надградување и остварување на заеднички интереси и проекти.

International Pitch Battle – 11 ноември 2022 год.

Уште еден голем успех во семејството на Џуниор Ачивмент Македонија! Нашите InnoPazio (ученичка компанија од гиманзија Раде Јовчевски Корчагин) и нивната наставничка  Татјана Голчева, се најдоа помеѓу првите  пет финалисти на виртуелниот натпревар International Pitch Battle, организиран од Џуниор Ачивмент Литванија.

Покана за учество на јавен повик 3/ПОМ/2022/ЏА за изработка на прилагодена програма за еднодневна обука наменета за младите од руралните средини во областа на претприемништво, (само)вработување, развој на план за (социјален) бизнис и нејзино спроведување 

Џуниор Ачивмент Македонија ги поканува сите заинтересирани физички лица да учествуваат во отворениот повик за изработка на прилагодена програма за еднодневна обука наменета за младите од руралните средини во областа на претприемништво, (само)вработување, развој на план за (социјален) бизнис и нејзино спроведување. Предложената обука е согласно заклучоците од спроведеното теренско истражување направено во рамки на […]

5 години постоење на Џуниор Ачивмент Македонија!

Во месецот посветен на претприемништво Џуниор прослави 5 години од своето постоење! 5 години тимска работа, дружба и учење, успешно спроведени проекти, завршени активности, поддржани повеќе од 3000 млади луѓе.  Благодариме на сите партнери, ученици, наставници, сите актери во општеството, пријатели и соработници на големото семејство на Џуниор Ачивмент кои беа дел од прославата на […]

Камп на иновации 14-15 ноември 2022 год.

Џуниор Ачивмент Македонија на 14-15 ноември 2022, организираше Камп на иновации – натпревар во претприемнички вештини на кој ученици од 8 средни училишта имаa задача да креираат иновативен бизнис план и да одговорат на дадената задача. Кампот на иновации  претставува  дводневен настан во кој учениците работат во тимови за да најдат решение на поставениот бизнис […]

Меморандум за разбирање со Регионален Центар на Скопски плански регион

Џуниор Ачивмент Македонија и Бизнис центарот при Центар за развој на Скопски плански регион  отпочназаедничка соработка, која на 10.11.2022 год. беше официјализирана со потпишувањето на Меморандум за разбирање. Со потпишување на овој меморандум се отвараат можности за заеднички иницијативи и соработка која ќе се однесува на подобрување на претприемачката средина и учество во заеднички активности […]

Промоција на наставно помагало – Прирачник за спроведување на програмата за ученичка компанија, на албански јазик – 02 ноември 2022

Поради големиот интерес за програмата од наставниците од албански наставен јазик, ЏА Македонија организираше заедничка средба за промоција на наставно помагало Прирачник за спроведување на програмата за ученичка компанија, на албански јазик онлајн на 2 ноември 2022 год. Прирачникот е вовед во програмата за ученички компании и овозможува практично искуство на учениците со цел развивање на […]