Форум за девојки и жени во СТЕМ науките – 26 октомври 2022 год.
Posted on: 28.10.2022На 26 октомври се одржа вториот Форум за девојки и жени во СТЕМ науките, на кои присуствуваа 13 европски земји, меѓу кои и ЏА Македонија и наши учесници.
Хибридниот настан имаше за цел поврзување на креаторите на политики, индустриски лидери и студенти, за унапредување на европската агенда за родова еднаквост во образованието и кариерите во STEM (наука, технологија, образование и математика), со учениците кои се дел од програмата Girls Go Circular (девојчиња во циркуларна економија).
Темата оваа година беше „Зајакнување на девојките во науката и технологијата“, a меѓу говорниците беа:
- Марија Габриел, Европски комесар за иновации, истражување, култура, образование и млади;
- Јулија Старк, Претседател на Европската Асоцијација на жени и
- Антоанета Ангелова – Крастева, Директор за иновации, дигитално образование и меѓународна соработка при Европската комисија.
ЏА Македонија ги охрабрува сите ученици и наставници да ни се придружат во програмата за зајакнувањето на вештините и знаењата на младите девојки, посебно во науката, технологијата, инженерството и математиката!