Регионален форум за градење партнерства за претприемничко учење – 26-28 октомври 2022 год.

Posted on: 27.10.2022

Директорката на Џуниор Ачивмент Македонија, Љупка Панчевска беше дел од панел дискусијата „Важноста на претприемничкото образование“, на Регионалниот форум за градење партнерства за претприемничко учење. Форумот е организиран во рамки на проектот „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионални практики за вработување“, од 26 до 28 октомври во Скопје.

За време на панел дискусијата претставници од Џуниор Ачивмент од Европа, Македонија, Албанија, Турција, Црна Гора и Србија пренесоа добри практики од програмите за претприемничко образование, што се спроведуваат во нивните земји. Истовремено ја потенцираа важноста и значењето на овие програми, посебно на програмата на Џуниор Ачивмент, која е единствена по својата методологија и нуди уникатна можност за развој на специфични знаења и вештини кај младите.