Меѓународен камп на иновации – Foodathon

Posted on: 25.10.2022

Тимот Foodzilla од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани е нашиот претставник на меѓународниот камп на иновации – Foodathon.

Главниот фокус на натпреварот беше  градење на претприемнички вештини на младите преку интензивна програма, во која тие ќе имаат можност да развијат и да ја презентираат својата бизнис идеја. За време на Фудатонот, повеќе од 100 ученици на возраст од 15 до 19 години, од средни училишта низ Африка и Европа, работеа заедно во тимови за да дојдат до решение за една од трите области:

  • Третман на храна (Губење на храна) и отпадоци од храна.
  • Техника, податоци и дигитализација за одржливо земјоделство.
  • Исхрана и превенција од заразни болести.

Оваа иницијатива за иновации и креативност е организирана од EIT Food и JA Europe во партнерство со EUROPEN, со поддршка на Bayer и FoodDrinkEurope и има за цел да ги поттикне младите иноватори од Европа и Африка да ги трансформираат нашите системи за храна.

Горди сме на нашите Гаврил, Надалина, Маја, Елена и Лина, наставничката Весна и целиот менаџерски тим на училиштето, што се најдоа меѓу ✨ПРВИТЕ 10 ФИНАЛИСТИ✨ и ќе учествуваат на новиот EY’s Ideathon!