Конференција на наставници во Врњачка Бања – 9-11 октомври 2022 год.

Posted on: 21.10.2022

9 наставници од семејството на Џуниор Ачивмент Македонија од 9-11 октомври имаа можност да ги подобрат своите знаења и вештини заедно со повеќе од 150 наставници од 110 средни училишта во Србија. Учесниците можеа да разменат искуства со колегите од Србија и да слушнат  различни предавања во текот на трите дена на конференцијата која се одржа во Врњачка Бања, во организација на Џуниор Ачивмент Србија.