Студија за локален контекст за праведна транзиција во земјата, со битолскиот регион како студија на случај – Генерација за промена

Posted on: 26.09.2022

Во рамки на проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“, фокусиран на праведната транзиција, заштитата на животната средина и зеленото претприемништво во С. Македонија, Србија, Црна Гора и Бугарија, е изработена Студија за локален контекст за праведна транзиција во земјата, со битолскиот регион како студија на случајГенерација за промена, како прва од овој тип во Македонија. 

Студијата е поврзана со климата и енергетиката и е дел од заложбите за промоција на социјален и праведен транзициски концепт, во рамки на процесите што ќе се преземат до 2030 година. Истовремено, студијата ги следи и трендовите за транзиција кон позелена економија, која е инклузивна за сите засегнати страни.  

Проектот го спроведува Џуниор Ачивмент Македонија, а студијата е изработена во соработка со здружението ЦеПроСАРД и авторите Ивана Петкановска и Елена Петкановска. 

Овој проект е дел од Европската климатска иницијатива (European climate initiative – EUKI) на германското федерално министерство за животна средина, конзервација на природата и нуклеарна безбедност (BMU) и главната цел е да се придонесе кон праведна транзиција и навремен развој на знаење и претприемнички капацитети за младата генерација во регионите со јаглен.

преземи