Покана  за учество на јавен повик 2/ПОМ/2022/ЏА за ангажман на локални соработници за мапирање на младински организации/иницијативи, селекција и мобилизација на целната група

Posted on: 08.09.2022

Џуниор Ачивмент Македонија и Рурална Коалиција ги покануваат сите заинтересирани физички лица да учествуваат во тендерска постапка за набавка на: услуга за вмрежување, мапирање на младински организации/иницијативи, мобилизација на целната група за спроведување на проектните активности. Избраните соработници ќе служат како директен канал на комуникација со целната група во руралните општини во еден од целните региони соодветно (Североисточен, Пелагониски и Југозападен плански регион)и притоа ќе обезбедат учесницикои ќе бидат мотивирани да се вклучат во проектните активности (инфо сесии, работилници, фокус групи, состаноци и сл.). Детален опис на потребната услуга е даденво тендерската документација и Описот на надлежности кој е составен дел на оваа покана (Прилог 1) 

Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите наведени вотендерската документација односно:минимум завршено среднообразование. 

Како критериуми за оценка на квалитетот на понудата покрај горенаведените минимум услови ќе бидат земени предвид и следните критериуми: образование, искуство, место на живеење во регионот каде што ќе бидат ангажирани, познавање на локалниот контекст во дадениот регион, способност за работа на терен, познавање на средината во која се спроведуваат активностите, поседување на комуникациски вештини, поседување на вештини за справување со конфликтни ситуации; поседување на компјутерски вештини.  

Сите заинтересирани физички лица треба да достават: 

Рокот за доставување на понудите е 15.09.2022 година до 16:00 часот. 

Максималниот бруто износ предвиден за ангажман на еден соработник е 18.450 мкд. Индикативен период за спроведување на услугата и испорака на бараниот аутпут е септември – декември 2022 г. 

Изборот на најповолни понудувачи ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“. 

Понудите се поднесуваат по електронски пат со назнака: „За повик бр. 02/ПОМ/2022/ЏА“ на info@jamacedonia.mk. 

Тендерската постапка се спроведува во рамки на проектот „Потприсе на младите“ кој е финансиран од Европската Унија и во партнерство го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Рурална коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери.