Симулација на економско-социјален совет

Posted on: 24.08.2022

Улогата на младите во носење одлуки! Преку истражување, барање решенија, градење ставови, застапување интереси и носење одлуки, младите од регионот со јаглен Битола, учествуваа во симулацијата на економско-социјалниот совет. Добивајќи улога на претставници од влада, синдикати, млади и бизнис сектор ги изнесоа своите барања, препораки и аргументи за процесот и планот за праведната транзиција во земјата.