Панда лабс џуниор за праведна транзиција – Округла маса

Posted on: 24.08.2022

Младите се грижат за својот град и животната средина и се свесни за значењето и потребата од праведната транзиција! Како можат да се вклучат во процесот на носење одлуки и политики, кои алатки им стојат на располагање, каде може да се обратат за реализација на нивната зелена идеја и на кој начин можат директно да се вклучат во еколошки и волонтерски акции – oвие и многу други прашања беа дискутирани на округлата маса, која се одржа во хотел Десарет во Охрид на 23 август.  

Голема благодарност до општина Битола, која беше дел од настанот со свои претставници од секторот за образование и единицата за локален економски развој. Учениците слушнаа и за активностите кои ги спроведуваат и можностите кои ги нудат невладините организации во нивниот регион – Сфера интернационал, Млади хаб Битола и Коалиција Сега.