На 20 мај  Џуниор Ачивмент Македонија организираше вебинар на тема „Праведна транзиција и зелено претприемништво“

Posted on: 23.05.2022

За процесот на праведна транзиција, нејзиното значење за заедницата и како зеленото претприемништво може позитивно да влијае на локалниот развој, разговаравме со проф. Македонка Димитрова од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија.

Проф. Димитрова е долгогодишен истражувач во доменот на заштита на животна средина, циркуларна економија и заштеда на енергија, а за време на вебинарот го пренесе своето знаење и искуство за фирми од светот кои успеваат да ја изградат својата конкурентна предност на основа на концептот на „праведна транзиција“ Вебинарот „Праведна транзиција и зелено претприемништво“ е еден од серијата вебинари, создадени за потребите за спроведување на едукативната програма за студенти, во рамки на регионалниот проект „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“