ВЕБИНАР НА ТЕМА „ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА“

Posted on: 05.05.2022

На 4 мај, со почеток во 14:00 часот, во организација на Џуниор Ачивмент Македонија, Еко тим од Црна Гора и WWF Адриа Србија, се одржа вебинар за студенти на тема „Енергетски ресурси и обновливи извори на енергија“.

За технологиите на користење на обновливите извори на енергија, нивните предности, недостатоци, како и влијанието врз животната средина, сè до европските климатски и енергетски политики, разговаравме со г-ѓа Миња Парабуцки од Факултетот за технички науки во Нови Сад и професор Есад Томбаревиќ од Машинскиот факултет во Подгорица.

Вебинарот „Енергетски ресурси и обновливи извори на енергија“ е еден од шесте вебинари, создадени за потребите за спроведување на едукативната програма за студенти, во рамки на регионалниот проект “Panda Labs Junior for Just Transition”.