Глобална недела на парите – 21-27.03.2022

Posted on: 25.03.2022

Оваа недела се придружуваме кон иницијативите низ целиот свет под наслов Глобална недела на парите. на тема “Изгради ја својата иднина, ракувај паметно со парите” овогодишната кампања е со цел младите да стекнат знаења, вештини и ставови да носат финансиски одлуки.

Со натпреварите за средношколци во претприемнички вештини кои се одржаа во Гевгелија 22/23 февруари, Прилеп 9/10 март и следниот во Кочани 4/5 април, Џуниор Ачивмент ќе овозможи на 120 млади луѓе да бидат дел од оваа кампања за зголемување на вештините и компетенциите за претприемничко образование додека се сеуште во средно училиште.