„Панда лабс џуниор за праведна транзиција“ – Обука со наставници за спроведување на образовна програма за средношколци, 24.03.2022, Битола

Posted on: 24.03.2022

Како дел од проектните активности, тимот на ЏА Македонија организираше обука за наставници од средни училишта, кои ќе ја имплементираат образовната програма со средношколци во регионот со јаглен Битола. На обуката учествуваа девет наставници и имаа можност да се стекнат со знаења и вештини за работа со учениците на теми како климатски промени, одржливост, праведна транзиција, зелено претприемништво и иновации.

Образовната програма ќе се спроведува во рамки на 6 училишни часа и учениците од пет средни училишта од Битола (СОТУ Ѓорѓи Наумов, СОЕУ Јане Сандански, СОУ Јосип Броз Тито, СОУ Таки Даскало и ОСМУ Д-р. Јован Калаузи) ќе имаат можност да научат за:

  1. Што е систем? Системско размислување и екосистеми
  2. Климатски промени и принципи за одржлив развој
  3. Извори на енергија и обновлива енергија
  4. Праведна транзиција и општествено-економските импликации
  5. Моделот на пет вида капитал
  6. Идеи за акција

Со нетрпение очекуваме да ја изградиме нашата мрежа на млади панда лабс социјални иноватори!