Џуниор Ачивмент JA Worldwide – Номинирана За Нобелова Награда За Мир За 2022
Posted on: 22.03.2022
Со голема чест и задоволство ви соопштуваме дека светската организација на Џуниор Ачивмент JA Worldwide е номинирана за Нобелова награда за мир за 2022!
Ни претставува огромна чест што организација од чија мрежа сме дел е номинирана за една од најпрестижните награди!
Ашеш Адвани, извршениот директор на JA Worldwide, ја сподели својата перспектива како одговор на номинацијата: „Мирот е можен само кога младите во сите земји и региони имаат економско зајакнување. JA Worldwide е почестена да ја добие оваа номинација и ќе продолжи со нашата работа за да им овозможиме на сите млади луѓе да изградат вештина и начин на размислување да градат просперитетни заедници.“
Економската стабилност е основата на мирот. Без економско зајакнување, младите денес нема да бидат идни лидери кои ќе создадат помирен и постабилен свет. Ова е неверојатна чест за Џуниор Ачивмент Македонија како и за целата мрежа на ЈА која вклучува над 340 локални канцеларии во 115 земји.