Камп на иновации СЕПТУ „Кузман Јосифовски Питу“ – 9-10.03.2022

Posted on: 11.03.2022

Џуниор Ачивмент Македонија на 09-10 март 2022, го организираше Кампот на иновации – натпревар во претприемнички вештини за ученици од средното училиште Кузман Јосифовски- Питу во Прилеп. Кампот на иновации  е дводневен настан во кој учениците работат во тимови за да најдат решение на поставениот бизнис предизвик. Тие преку пристап до интернет и технологија, експертска помош од волонтери од бизнис заедницата, го користат своето знаење, применувајќи претприемачки вештини и тимска работа за да најдат иновативни одговори за предизвикот. 

Првото место му припадна на тимот број 3 EcoSunshine во состав;

• Никола Николоски IV-6

• Антонија Трајчева II-3

• Елмедина Мамудоска II-3

• Анастасија Пожарска II-4

• Леонтина Петреска II-4

• Мартин Димоски III-6

• Бојан Јанков III-4

Второто место го освои тимот број 5 ECO-CHEF во состав:

• Ивана Трпкоска IV-6

• Ангела Неделкоска IV-6

• Арнела Рамовиќ II-3

• Ивана Богеска I-3

• Сара Ристеска I-3

• Андреа Талеска III-6

• Александра Јосифоска III-4

• Мила Макалоска I-5

Тетото место и припадна на бизнис идејата E.C.O.S. на тимот број 1 во состав:

• Александар Костадиновски IV-6

• Антонио Ангелески IV-6

• Тамара Лашкоска IV-4

• Мартин Здравев IV-1

• Елена Илијоска II-4

• Владимир Ристески III-6

• Валерија Здравева I-5

• Марија Ристеска III-3

На натпреварот кој се одржи на 22 и 23 февруари, учествуваа 40 ученици кои беа вклучени во Програмата за ученичка компанија оваа учебна година, распределени во 5 тима по 8 ученици.

Повеќе фотографии од натпреварот може да видите на следниот линк – https://www.facebook.com/media/set/?vanity=JuniorAchievementMacedonia&set=a.1588404218189240