Продолжена соработката со Фондот за иновации и технолошки развој

Posted on: 17.02.2022

Џуниор Ачивмент Македонија ја продолжува соработката со Фонд за иновации и технолошки развој , воспоставена во 2019 година, со посредство на УСАИД.

Во изминатите две години, 1667 ученици се вклучија во програмата со своите 109 наставници од повеќе од 70 средни училишта.

456 ученици имаа можност да се натпреваруваат во најдобар бизнис план на хакатоните поставувајќи им предизвик во најразлични сфери од индустријата.

Џуниор Ачивмент Македонија гради партнерства меѓу образовниот, владиниот и бизнис секторот. Досега над 100 бизниси и нивни волонтери ги поддржаа младите во генерирање иновативни идеи со кои ќе започнат бизниси и ќе придонесат кон економскиот и технолошкиот развој на земјата.