GIRLS GO CIRCULAR ПРОЕКТ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ДИГИТАЛНИ И ПРЕТПРИЕМНИЧКИ ВЕШТИНИ КАЈ ДЕВОЈЧИЊА

Posted on: 16.12.2021

Girls Go Circular е нова програма во која оваа учебна година се вклучи и Џуниор Ачивмент Македонија. 

Проектот се спроведува во 5 средни училишта во нашата мрежа, преку едукативната платформа https://eit-girlsgocircular.eu/, во чии рамки 100 ученициќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења за циркуларната економија, притоа стекнувајќи дигитални и претприемачки вештини. Платформата и курсевите се дизајнирани да ги ангажираат учениците во практични активности, индивидуално и во групи, и да ги охрабрат да работат на решенија за важни социјални и еколошки предизвици.  

Ова може да биде одлична можност за сите оние кои сакаат да учествуваат во ученичка компанија и да добијат идеја за производ или услуга што ќе ја понудат. 

Наставниците кои се вклучени во проектот се дел од програмата на Џуниор Ачивмент Македонија и минуваат дополнителни обуки за реализирање на активноста со нивните ученици. Тие преку дополнителни часови ги воведуваат учениците во циркуларна економија и предизвиците за одржливо користење, потрошувачка и повторна употреба на природните ресурси. Темите вклучуваат правилна и повторна употреба на пластика, метали, текстил во модната индустрија, електронски уреди, смарт телефони и електронски отпад, роботика, климатски промени и циркуларната економија на храната во градовите. Секоја од овие теми е опфатена во посебен курс, а учениците можат да изберат тема во сферата на нивните интереси. 

За време на курсот, учениците прават онлајн истражувања, планираат кампањи за социјални медиуми, снимаат видеа и презентации и развиваат бизнис планови преку модули за учење.  

Иницијативата е поттикната од Европската Комисија каде според European Commission’s Women in Digital Scoreboard 2019, жените претставуваат само 34% од дипломираните студенти на СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика) и 17% од ИКТ (информатичките и комуникациските технологии) специјалисти.  

Преку зајакнување на вештините на девојчињата на возраст од 14 до 18 години во Јужна и Источна Европа, проектот Girls Go Circular ќе го намали дигиталниот јаз меѓу половите и ќе придонесе кон Акцијата 13 од Акциониот план за дигитално образование 2021-2027 – Поттикнување на учеството на жените во СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика), финансиран од ЕУ и имплементиран низ Европашто ни дава можност да ја означиме С. Македонија на образовната карта на Европа. Зголемувањето на бројот на жени кои влегуваат на пазарот на дигитални вештини, би генерирал дополнителни 16 милијарди евра годишно за европската економија. 

Со учество во проектот, ученичките: 

  • Работат индивидуално и во тим, 
  • ја учат важноста на родовата еднаквост за иднината на Европа, 
  • ги надминуваат родовите стереотипи поврзани со дисциплините СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика), 
  • развиваат претприемнички и дигитални вештини преку онлајн модули, 
  • го зголемуваат учеството на девојчиња/жени во дигиталната и претприемничката сфера, 
  • ги прошируваат нивните интереси во различни области и   
  • се стекнуваат со меѓународен сертификат. 

За Организацијата  

Џуниор Ачивмент Македонија организира обуки и работилници посветени на претприемничкото образование, финансиска писменост и подготвеност за работа на младите, разни натпревари на национално и европско ниво  

Веруваме дека учениците кои се дел од програмата, преку нас ги зголемуваат своите знаења, вештини и компетенции за водење бизнис, што директно влијае на нивната поголема вработливост и самовработливост. Ние имаме за цел да создадеме генерација млади луѓе, способни да применуваат иновативни пристапи и техники во нивните наставни активности и да се подготват за работното место.