BY Leap – Регионална конференција за вмрежување на граѓански организации- 8-10 септември 2021

Posted on: 10.09.2021

Џуниор Ачивмент Македонија беше дел од регионалната конференција во рамки на проектот BY Leap-  „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување“, која се одржа од 8-10 септември во Подгорица Црна Гора.

Преку тим билдинг активности, панел дискусии и простор за вмрежување и споделување контакти, претставници на граѓански организации од земјите на Западен Балкан и Турција, кои работат во областа на претприемништвото, имаа можност да зборуваат за нови регионални иницијативи кои ќе придонесат кон развој на претприемништвото и поддршка на младите преку институциите на образовниот систем и економијата.

Проектот има за цел да го зајакне учеството на граѓански организации и младинските иницијативи во регионалната мрежа и да обезбеди одржливост на младите претприемачи (студенти/млади) компании преку демонстрации и обуки/менторски активности и се спроведува во земјите од западен Балкан и Турција.