Почеток на мобилноста-двонеделна пракса 2-15 септември 2021 во рамки на проектот поддржан од ЕРАЗМУС-Програма за хотелска пракса (ПХП): Добијте квалификација на време! 

Posted on: 01.09.2021

Започна двонеделната пракса во Бугарија за 15 ученици од средни училишта од Скопје, Крушево и Охрид. Како дел од посетата на Софија учениците имаа можност да се запознаат со знаменитостите и историските наследства на Софија од создавањето на градот до денес, со организиран водич, како и да слушнат дел бизнис претставници кои  им презентираа дел од своите искуства од секторот туризам и угостителство за време на посетата на Славјанскиот Универзитет Св.Климент Охридски. 

Практичната пракса во Бугарија ќе се спроведе во периодот 1-15 септември 2021 година во хотел во Варна, Бугарија. 

Од страна на менаџментот на хотелот и одговорните лица, учениците ќе бидат водени низ двонеделен процес сличен на работа во реалниот живот и работејќи рамо до рамо со вработените во хотел во Варна со 5 ѕвезди. Хотелот нуди висок квалитет на услуга и подготвеност да учествува во едукацијата на учениците.   

Преку пракса и учење на најдобрите практики во готвење, служење на бар, во кујна, на рецепција и останатите делови од хотелот тие ќе стекнат нови вештини и компетенции барани во секторот. Опкружени од мултикултурното работно опкружување, со вработени и практиканти од Бугарија, Романија, Украина,  Турција, тие ќе создадат трајно партнерство и познанства со врвниот менаџмент. 

Учениците ќе добијат сертификати за успешна пракса од хотелот, Џуниор Ачивмент Македонија и партнерот домаќин Бугарски Младински Форум, заедно со Документот за мобилност Еуропас. 

Повеќе за проектот (ПХП): Добијте квалификација на време! поддржан од програмата Еразмус+ на Европска Унија/ КА 1-Мобилност на ученици и наставен кадар во стручно образование и обука 

Започнат во август 2020 година, проектот Програма за хотелска пракса (ПХП): Добијте квалификација на време! се обидува да ги подобри клучните вештини и компетенции на 15 средношколци од 3 средно стручни училишта од РН Македонија. Преку проучување на европските модели за обука на работното место во туристичкиот сектор учениците ќе се запознаат со системот за стручно образование и обука во ЕУ земја. 

Проектот ќе го спроведува конзорциум на училиштата: СУГС Лазар Танев, Скопје; СОУ Ванчо Питошески од Охрид и СОУ Наум Наумовски Борче од Крушево, Џуниор Ачивмент Македонија и поддржан од организацијата домаќин, Бугарски младински форум од Варбово, Бугарија.