Обука за наставници на тема Дигитален маркетинг- 21,22,24 јуни 2021 

Posted on: 25.06.2021

На 25 наставници од 15 средни училишта од Велес, Гостивар, Кочани, Македонски Брод, Тетово, Охрид, Прилеп, Скопје и Струмица им беа дадени насоки како да го интегрираат дигиталниот маркетинг во маркетинг планот на Ученичките компании. Низ тридневната обука ги водеше обучувач Марија Манева, експерт во областа. 

Наставниците кои беа дел од обуката го збогатија своето знаење и искуство во дигиталниот маркетинг, ја научија важноста на одредување на социјалните медиуми што ги користи нивната таргет група и други корисни алатки за дигитален маркетинг што може да се применат во Ученичките компании, оваа учебна година.