Давид Арсовски од СЕПУГС Васил Антевски Дрен- Победник на конкурсот за Етичка дилема 2020/2021 година 

Posted on: 14.06.2021

Ученикот од втора година во СЕПУГС Васил Антевски Дрен – Давид Арсовски е победник на Конкурсот за Етичка дилема во бизнис за учебната 2020/2021 година!  

Прогласувањето се случи  на официјалната церемонија за доделување награди што се одржа на 31ти мај, во рамки на Националниот натпревар за најдобри ученички компании 2021.  

Овој конкурс за прв пат се спроведува во рамки на програмaтa на Џуниор Ачивмент Македонија и има за цел да ги потикне младите да развиваат вештини, морални принципи и вредности кон почитување на тоа што е правилно или погрешно, во водењето и во одлучувањето на една организациската култура.  

Добиените есеи ги оценуваше повеќечлена жири комисија според следните критериуми: 

  • разбирање на темата, 
  • релевантност на есејот во одговор на темата, 
  • убедливост на аргументите, 
  • конзистентност и оригиналност. 

Победничкиот есеј може да го прочитате тука (Линк што води кон ПДФ верзија на есејот на Давид)  

Му честитаме на победникот!