Камп на иновации- 9-23 јуни 2021 

Posted on: 28.05.2021

Над 60 средношколци ширум земјава ќе земат учество на седмиот натпревар на средношколци во претприемачки вештини- Камп на иновации. Онлајн натпреварот ќе се одржува онлајн 9-23 јуни, 2021. 

Во текот на следните две недели, од 9-23 јуни 2021 година  средношколците ќе го искористат своето знаење за да одговорат на поставената задача, применувајќи претприемнички вештини и со тимска работа ќе изнајдат иновативни решенија. 

Најдобрите три тима ќе имаат можност да освојат вредни награда за себе, но и да го претстават своето училиште на натпреварот. Прогласувањето на победниците ќе се одржи на 23-ти јуни на платформата  зум и сите заинтересирани ќе може да се приклучат да ги слушнат првонаградените идеи на учениците.