Конкурс: Етичка Дилема во Бизнис- Учебна година 2020-2021 

Posted on: 16/02/2021

Џуниор Ачивмент Македонија го промовира претприемничкото образование во училиштата, финансиската писменост и подготвеноста на средношколците за идни работни места, а воедно се залага за промовирање на општествена одговорност и етичко однесување. Денес етикатa е важен дел од секоја компанија. Со цел да ги потикнеме младите да развиваат вештини морални принципи и вредности кон почитување на тоа што е правилно или погрешно, во водењето и во одлучувањето на една организациската култура, распишуваме КОНКУРС за најдобар есеј во одговор на поставена ЕТИЧКА ДИЛЕМА (преземете тука).

Задачата е да се напише есеј од најмалку 500 зборови (не помалку од една страница А4) во кој ќе се анализира ситуацијата на поставената етичка дилема и јасно ќе се презентира критичкиот став кој го зазема ученикот, во однос на зададената дилема. Право на учество имаат сите ученици кои биле или се дел од активностите на Џуниор Ачивмент Македонија.  

Oценувањето на ученичките есеи ќе го изврши повеќечлена жири комисија според следните критериумни: 

  • разбирање на темата,  
  • релевантност на есејот во одговор на темата,  
  • убедливост на аргументите,  
  • конзистентност и оригиналност.  

Учениците може да се пријават за учество преку пополнување на Формуларот за апликација (преземете тука). Дополнителни насоки за пишување на есејот и индикаторите може да ги преземете тука. Есеите може да ги доставите на info@jamacedonia.mk најдоцна до 05 март 2021 година. 

Победникот на конкурсот ќе биде прогласен во рамки на Националниот натпревар на Ученички компании, кој ќе се оддржи на 31 мај 2021 год.