ИЗБОР НА НАЈПРЕТПРИЕМНИЧКО УЧИЛИШТЕ ЗА УЧЕБНАТА 2020-2021 година

Posted on: 16/02/2021

Оваа учебна година 2020/2021 сакаме да ја препознаеме и наградиме работата на сите оние кои се вклучени во програмите на Џуниор Ачивмент Македонија и да избереме најдобро и најпретприемничкото училиште. За таа цел распишуваме конкурс за избор.  

Кој може да учествува во конкурсот? 

Учество на конкурсот може да земат сите средни училишта во кои се спроведува програмата за Ученички компании на Џуниор Ачивмент Македонија. 

Критериуми за избор: 

  • Дали училиштето располага со одредени ресурси наменети за претприемничкото образование ? 
  • Колкав број на  наставницие и ученици се вклучени во активностите на претприемничко образование и Џуниор Ачивмент програмата? 
  • Како и на кој начин училиштето ги има вклучено локалната заедница и бизнис секторот во училишните активности? 
  • Колку училиштето дава поддршка во професионалниот развој и обуки на наставниот кадар за развојот на претприемничкото образование? 
  • Каква е визијата и идните планови на училиштето за развој на претприемничкото образование? 

Избор на најпретприемничко училиште се прави секоја година и во останатите земји членки на Џуниор Ачивмент  Европа според однапред определени критериуми кои се во согласност со стратегијата на Европската унија за зголемување на креативноста и иновативноста, вклучувајќи претприемништво и сите нивоа на образование и обука. 

Рокот за аплицирање е најдоцна до 05 март 2021.   

Пристигнатите апликации од страна на заинтересираните средни училишта  ќе ги оценуваат членови на жири комисија. 

Прогласувањето на победникот ќе биде на 31 мај 2021 година во рамки на Националниот натпревар за најдобра ученичка компанија за учебната година 2020-2021. 

Џуниор Ачивмент Македонија е дел од најголемата глобална мрежа Џуниор Ачивмент (JA Worldwide), која ги поттикнува и помага младите за идните работни места. Преку врвни обуки, за финансиска писменост, подготвеност за работа и претприемништво, Џуниор Ачивмент Македонија создава патеки за вработување и создава нови работни места.  

Мисијата на Џуниор Ачивмент за инспирација и подготовка на млади луѓе за успешна економија на земјата е во согласност со една од главните политички насоки на Европската комисија дека “Секој млад човек треба да има практично претприемничко искуство пред да си замине од задолжителното образование”. Програмата за ученички компании е признаена од Европската комисија како „најдобра пракса во претприемничкото образование“.