Обука за наставници за спроведување на програмата „Ученичка компанија“ 21, 22-25 јануари 2021

Posted on: 15/02/2021

15 наставници од 12 училишта од Велес, Охрид, Прилеп, Скопје, Гостивар и Штип, беа дел од првата тридневна обука за спроведување на програмата Ученичка компанија, која се оддржа на 21,22 и 25 јануари на онлајн платформата MS Teams. Обуката, реализирана од два сертифицирани обучувачи, има за цел да придонесе за подобра подготовка на наставниците за разбирање на концептот на претприемничко образование на динамичен и интерактивен начин. Преку интересни содржини и информации наставниците беа воведени во начинот како виртуелно да ја спроведуваат нашата програма во секојдневната настава со учениците. Преку работа во групи,  вежби и презентации, им беа објаснети секоја од фазите на развој на една Ученичка компанија. Џуниор Ачивмент Македонија преку ваков тип обуки се заложува да ги инспирира наставниците да излезат од рамките на теоретското предавање, да експериментираат и да споделат дополнителни методи и дигитални техники што ќе се користат при предавањата или при водењето на Ученичките компании.