Обука за наставници за спроведување на програмата „Ученичка компанија“ 04, 05-08 февруари 2021 

Posted on: 15/02/2021

23 наставници од 17 училишта од Битола, Велес, Гостивар, Куманово, Крушево, Охрид, Прилеп, Скопје, Струмица и Штип беа дел од втората тридневна обука за спроведување на програмата Ученичка компанија, која се оддржа на 4,5 и 8 февруари на онлајн платформата MS Teams.  

Преку конкретни вежби, презентации и примери, наставниците имаа можност да се запознаат со фазите на развој на Ученичките компании од почетна бизнис идеја, анализа на пазарот и конкуренцијата до финален бизнис план. Тие имаа можност да се запознаат со нови дополнителни методи и дигитални техники кои ќе можат да ги користат во програмата за Ученички компании. Интересот на наставниците за ваков тип обуки кои јакнат нивните вештини и капацитет е зголемен наназад години. Преку одредени презентации изработени од самите наставници за време на обуката може да се забележи и желбата да се научи нешто ново што ќе им помогне не само во редовната настава туку и во програмата Ученичка компанија како ментор-наставници на своите ученици.