Генералното Собрание на Џуниор Ачивмент- 10.11.2020 

Posted on: 22.11.2020

Џуниор Ачивмент Македонија и Претседателот на Управен одбор- Ѓорѓи Кушевски беа дел од официјалниот состанок на Генералното Собрание кој се одржува онлајн во организација на Џуниор Ачивмент Албанија и Џуниор Ачивмент Европа кое се одржа на 10 ноември 2020 год.  Заедно со останати Извршни Директори и членовите на Управниот одбор, делегатите и претставниците на оганизациите-членки на ЏА Европа имаа можност да слушнат за годишниот наративен и финансиски извештај и достигнувањата во мрежата на поле на учество на млади луѓе, вклученост на бизнис сектор, тековни програми и иницијативи. На состанокот беа претставени актуелните делегати од секоја земја и нови делегати номинирани за членство во управниот одбор на ЏА Европа, имињата на наградените лидери, членки и нации во мрежата ( Leadership Awards, Model Nation Awards , Thomas J. Bata Quality Award).