Наградите за најпретприемачко училиште на 2020 година- Џуниор Ачивмент Европа

Posted on: 15.11.2020

На 9ти ноември, средното училиште СУГС “Владо Тасевски” од Скопје, прогласено за најпретприемничко училиште за 2019/2020 во мрежата на Џуниор Ачивмент Македонија, ќе биде дел од настанот организиран од #JAEurope “The Entrepreneurial School Awards 2020”. Дигиталниот настан ќе ги обедини претставниците на училиштата и наставниците од 39 победнички училишта, кои доаѓаат од 25 европски земји. Настанот има за цел да ги вклучи сите  победнички училишта вклучени во програмата за ученичка компанија и да им оддаде признание за нивнато извонредно залагање во поддршка на претприемничкото образование. Дел од планираните работилници ќе овозможат дискусија за предизвиците во работењето на наставниците за време на пандемијата, како и актуелни трендови на пазарот на трудот и вештини, и секако понатамошна меѓународна соработка со останати наставници од Европа.