Вебинари посветени на претприемничко образование – „Забрзан раст на претприемничко образование“

Posted on: 16.10.2020

Junior Achievement Macedonia организира серија вебинари посветени на претприемничко образование под наслов „Забрзан раст на претприемничко образование“, на 28 октомври – 4 ноември – 11 ноември 2020 година, во рамките на проектот поддржан од УСАИД „Поддршка на образованието за претприемништво во Европа и Евроазија“. Проектот се спроведува од февруари 2017 година во Конзорциум на ЈА Европа и нејзините земји-членки: ЈА Албанија, Ја Бугарија, ЈА Грузија, ЈА Молдавија, ЈА Македонија и Ја Србија.
Трите вебинари ќе соберат експерти за едукација за претприемништво, креатори на национални политики, владини претставници, едукатори, деловни претставници и невладини организации. Целта на вебинарите на ЏА Македонија е да ја привлече јавноста во нашата земја за важноста на овој тип образование и дека секој млад човек треба да има барем едно практично претприемачко искуство пред да го напушти училиштето.
Вебинарите се во одговор на предизвиците на новото време, кога процесот на образование се соочува со нови реформи и промени повеќе од кога било.

  1. Првиот од трите модули, вебинар за: ПРЕТПРИЕМНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ КАКО ДВИГАТЕЛ НА ЕКОНОМИЈАТА ќе го приближи концептот на претприемништво до учесниците, одговарајќи на прашања каков вид кадар им треба на компаниите и како тие можат најдобро да ја организираат својата компанија.
  2. Вториот модул на тема: ПРЕТПРИЕМНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ КАКО НАЧИН ЗА МОДЕРНИЗИРАЕ НА НАСТАВАТА И ОБРАЗОВАНИЕТО ќе дискутира за образованието и методологијата на наставата во нашата земја, поточно за промените што треба да се направат.
  3. Третиот модул на тема: ПРЕТПРИЕМНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ ИМ ПОМАГА НА МЛАДИТЕ ДА УСПЕХАТ ВО ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА – трендови и текови во образованието во соседните земји, регионални иницијативи и мобилност на млади. Учесниците ќе имаат можност да слушнат регионални искуства, прекугранична соработка.

Вистинско време е да се нагласи потребата од зголемување на квантитетот, квалитетот и влијанието на образованието за претприемништво во наредните години.

Учесниците може да ни се придружат на 28 октомври, 4 ноември и 11 ноември 2020 година во 11:00 часот за да ги слушнат новитетите од различните теми релевантни за образованието за претприемништво. Секоја од темите ќе биде промовирана на социјалните медиуми, Фејсбук, Инстаграм и Твитер.

Секој вебинар ќе биде снимен и видеото ќе биде достапно за присутните кои ќе имаат можност да споделат и да научат нови искуства, како и слушнат успешни приказни од нашите партнерски организации во регионот и искуствата од деловниот сектор, истакнати претприемачи и менаџери.

Секој има право да присуствува, но ќе треба навремено да се регистрира, користејќи го формуларот за регистрација. Вебинарот се нуди бесплатно, секој заинтересиран ќе добие линк за приклучување/учество на сесиите. Врската до снимениот материјал ќе биде споделена со учесниците преку Youtube каналот на Џуниор Ачивмент Македонија.