Видео сесии со наставници- месец септември

Posted on: 11.10.2020

Во текот на месец Септември им понудивме можност на сите наставници од мрежата, да се вклучат во отворен разговор за предизвиците во спроведување на програмата за ученички компании по дигитален пат. Преку 6 видео сесии организирани во Септември, 33 наставници од 26 средни училишта од 14 градови директно се вклучија во разговорот, додека 38 наставници ги испратија своите коментари и мислења преку онлајн прашалник. Слушнавме најразличнии мислења, искуства и предизвици со кои се соочија наставниците изминатиот период, споделивме информации за нашите идни настани и обуки, и слушнавме конкретни предлози и сугестии, на кој начин можеме да ги поддржиме нив и нивните ученици во имплементацијата на програмата за ученичка компанија во нивните училишта. Џуниор Ачивмент Македонија ќе продолжи да им нуди постојана поддршка на наставниците во работењето со ученици, и да нуди можности за зголемување на нивните компетенции и вештини, не само за имплементирање на нашата програма, туку и во секојдневното работење со учениците. Следете нѐ за да разберете кои нови можности ви се нудат во нашата мрежа, како и повеќе за датумот и времето на одржување на обуките за наставници во октомври и ноември!